Еден од ретките експерти за УНЕСКО и меѓународниот систем за заштита на културното наследство кој соработувал со врвни светски образовни институции е без работа затоа што споделил Фејсбук статус кој бил критичен за власта на СДСМ-ДУИ.

“Денес се јавив да го откажам станот во кој живеам… Затоа што сум невработен, а притоа решив да останам да живеам во земјава, бидејќи на пет минути читав статуси како премиерот Zoran Zaev и неговата СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија сакаат да ги вратат младите во Македонија. Еве нѐ, вратени сме! Зошто сум невработен? Имам докторирано на еден од најпрестижните универзитети во светот и имам работено во неколку интернационални организации вклучувајќи го и УНЕСКО. Министерката Irena Stefoska инистира на заштита на културно наследство, а јас сум единствениот човек во државава што има докторирано на таа тема и што вистински знае како функционира УНЕСКО. Во Министерство за култура / Ministria e Kulturës, покрај тоа што ми ги одбија проектите поврзани со културно наследство, ми немаат вратено на ниту еден мејл, а причината (за која неформално дознав) е језива за споделување на фејсбук бидејќи ептен ќе го наруши имиџот на институцијата и на партијата. Мејлови имам пратено и во Министерство за образование и наука и до министерката Мила Царовска, но немам одговор. Со образование се бавам веќе 4 години и работев како асистент на УКЛА, а тука можам да предавам на најмалку 4 универзитети. Зошто никој не сака да ми го прочита CV-то и да ми даде шанса? Не е дека молам некого да ме бутне да работам во јавна администрација без никакви квалификации. Вистински сакам да останам во земјава и да направам некаква промена, бидејќи можам и знам. Каде грешам, како правилно да постапам?”, прашува Филип Петковски кому никој не му одговара со цел земјата да ги искористи неговите знаења во ресорот каде Македонија има сериозни проблеми.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10159271318528886&id=742588885