Американското Федерално истражно биро истражува дали странски влади, организации или поединци пружале финансиска поддршка на луѓето кои го планирале и извршиле нападот на Капитол на 6 јануари.

Како дел од истрагата, ФБИ испитува исплати од 500 000 американски долари во биткоин, вертојатно од страна на француски државјанин, на клучни фигури и групи од крајната десница пред бунтот, изјавија за NBC News сегашен и еден поранешен функционер на ФБИ.

Плаќањата беа документирани и објавени на Интернет минатата недела од компанија која ги анализира трансферите на криптовалути.

Според службеникот на ФБИ, трансферите на биткоини се чини дека ги извршил француски компјутерски програмер кој си го одзеде животот на 8 декември минатата година откако ги активирал трансферите, пренесоа француските медиуми.

Експертите на ФБИ исто така веруваат дека некои структури, наводно поврзани со Русија, Иран и Кина, се обидуваат да го искористат она што се случи во Вашингтон „за свои интереси“ во информатичката сфера. Според изворите на каналот, американските власти сметаат дека постојат докази за обиди на други земји тајно да ги поддржат „политичките екстремисти“ во Соединетите држави.