Охридскиот мајтапчија на Фејсбук, Иљче Затаракоски, на свој начин го коментира префрлањето на топката од градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, кај сограѓаните за ѓубрето во градот под Шара.

„Теута ги обвини тетовчани за ѓубрето во градот“. И во право е. Тие ја гласаа“, забележува Затаракоски во објавата на денот на Фејсбук.