ФБ-статус на денот: Ако не се тргнати овие од Врање, вакцините да ги земеше некој…

Богдан Илиевски, алијас Бетмен Велит, и денеска ја има објавата на денот на Фејсбук, во која ги поврза новата туристичка атракција за Македонците „посета на ‘Лидл’ во Врање“ и очекуваните вакцини на „Фајзер“ од Србија што заглавија во административни лавиринти:

„Ако не се тргнати овие од Врање, вакцините да ги земеше некој…“.

Српскиот весник „Данас“ пишува дека денеска Врање било окупирано од најмалку пет автобуси од Македонија и околу 300 шопинг-туристи, кои платиле по 350 денари за превоз од Куманово, навалиле во новоотворениот објект од синџирот продавници на „Лидл“ во Србија.