Министрите порачаа: ЕУ е меѓу нас, иселените да се вратат во татковината

„ЕУ е меѓу нас“, изјави вчера министерот за финансии Фатмир Бесими, говорејќи за напорите на државата да создаде услови за работа и живот. Според него, најдобрата перспектива и вистинската порака од политичарите и од власта што можат да ја дадат е да им покаже на младите дека им се нуди сигурна иднина.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи ги повика сите кои се иселени да се вратат во татковината, да ги донесат своите работни искуства и да инвестираат во иднината на државата.

„Или да се преквалификуваат домашните невработени или да се вработат работници од странство за да не се влоши состојбата со недостигот на работна сила“, вели Битиќи.