Претседателот на Советот на јавните обвинители Антонио Јолевски за „Фокус“ потврдил дела примиле мејл со известување за повлекување на кандидатурата на вишата обвинителка Фатиме Фетаи.

Тој сепак посочи дека ќе мора да се слушне со обвинителката за да ја потврди веродостојноста на информацијата, односно да се утврди со сигурност дека таа го испратила известувањето.

Во трката сега остануваат актуелниот шеф, Мустафа Хајрулахи, и вишиот обвинител Бурим Рустем, а изборот за шеф на вишото обвинителство е одложен за 21 ноември.