Се очекува МВР денеска да излезе со детали од вчерашната акција во која бил уапсен дилер кој превезувал дрога вредна 250.000 евра.

Полициската акција се одвивала на наплатната станица Отовица, на автопатот Велес-Скопје.

Пресечен е меѓународен канал за шверц и запленета е дрога вредна над 250.000 евра. рогата била скриена во црни ќеси во бункери во внатрешноста на возило „фолкваген туран“. Во полициската акција се сечел лимот на возилото за да може да се извади пратката.