Фашист: Оценка на Самак за сенаторот што се закани со нарушување на односите САД-Македонија за уставните измени

Екс министерот за странски инвестиции Веле Самак кој има и американско државјанство го нарече фашист американскиот сенатор Крис Марфи кој за време на посетата на Македонија се закани дека ако земјава не го смени уставот и не ги стави Бугарите во него може да бидат нарушени односите меѓу Америка и Македонија.

,,Ако нема реакција на овој фашист од Македонски заедници во Америка како Обединета Македонска Дијаспора и слични, тури му пепел. Барем ќе му стани на сите јасно што значело Македонија2025″, напиша вообичаено смирениот Самак кој очигледно е погоден од заканите од Марфи.

Во вториот пост на англиски јазик Самак за Марфи вели дека е ,,наци”.

За Марфи вицепремиерот Груби рече дека ги претставувал Албанците во Сенатот на САД.

Веле Самак беше министер без ресор на Република Македонија во периодот 2006–2017, задолжен за привлекување странски инвестиции. Дипломирал на студии по економија на Универзитетот во Чикаго. Магистрирал од областа на бизнис администрацијата на Вартон школата при Универзитетот Пенсилванија.

Во првиот владин кабинет на Груевски дојде од Корпорацијата Мајкрософт. Претходно работел како потпретседател на Global Quantative Research Group (GQRG), високо рангирана групација со приход од 120 милиони американски долари, каде употребува истражување и технологија со цел да овозможи решенија за инвестициски стратегии на инвеститорите. Во неговата биографија стои дека е единствен аналитичар кој бил унапреден во заменик-претседател по само 1,5 година.