Фаркаш: Неуспешен референдум е штетен за демократијата во Македонија

Евелин Фаркаш, поранешна заменик-помошничка на секретарот за одбрана на САД, го искористи присуството на денешното одбележување во Скопје на 17-годишнината од потпишувањето на Рамковен договор за да ги повика македонските граѓани да го поддржат референдумот за договорот Заев-Ципрас.

„Лидерите на Република Македонија и на Грција кажаа ‘да’ за просперитетна иднина и на тој начин ги поткрепија мирот и стабилноста на Балканот. Ги повикувам граѓаните да го поддржат претстојниот референдум во Македонија на 30 септември. Евентуалниот неуспех на реферндумот ќе биде штетен за демократијата и за владеењето на правото во Македонија“, рече Фаркаш.

Американскиот дипломат истовремено упати отровна стрела кон Русија и нејзиниот претседател Владимир Путин.

„Договорот меѓу Македонија и Грција е одговор и против Путин и ‘путинизмот’… Македонија и Грција треба сами да решат што е добро за нив, а не Кремљ“, порача бившата соработничка на американскиот секретар за одбрана за Русија, Украина и Евроазија.