Најџел Фараж, британски европратеник од 2009 година до излезот на Обединетото Кралство (ОК) од Европската унија во 2020 година, а денес почесен претседател на партијата Реформирај го ОК (пред тоа Брегзит партија, а пред неа Партија за независност на ОК), не е одушевен од вчерашната прослава на Денот на албанското знаме низ улиците на Лондон. Напротив.
„Ова беше синоќа во Лондон. Господ да ни е напомош!“, коментира на Твитер до пред две години гласниот евроскептик од говорницата на Европскиот парламент над видеото со славениците од најбрзорастечката имигрантска заедница на Островот што го вџашило.