Граѓани спортски рекреативци утрово забележале тешко возило кои носи градежен материјал на скопската планина Водно.
Според фотографијата доставена до expres.mk камионот бил забележан и сликан од патници намерници на патот кој води кон забранетата зона за градење.
Локалните власти на општина Центар која е одговорна за заштита и урбанизацијата не објавуваат никакви информации за градежни зафати во забранетата зона на популарната дестинација за спортисти и рекреативци.
Градоначалникот на општина Водно од СДСМ Герасимовски во кампањата за локалните избори ветуваше дека ќе биде забрането секакво градење во оваа заштитена зона и дека ќе запрат работите на сите недозволени објекти.
Чиј е камионот и какви градежни работи се одвиваат на Водно треба да каже градоначалникот Горан Герасимовски и урбанистите на општина Центар, единствената општина каде победи СДСМ во Скопје на последните локални избори.
Предходно во ноември минатата година Герасимовски по барање за забрана на градба на потврди дека во времето на неговиот претходник Саша Богдановиќ, исто така од СДСМ, скопска фирма добила дозвола за уредување на плац на Водно.
Дали сега се работи за истиот плац или на Водно се гради друг објект треба да каже општина Центар.