Фантастични 3 милиони евра платил Фондот за здравство пред колапсот на ИТ системот за кој се бара откуп

Во изминативе 10 години софтверската компанија Некстсенс има земено 14 тендери во вредност од 2.910.056€ за изградба и одржување на ИТ системот во Фондот за здравство.

Ова е втор случај на хакерскиот вирус “ransomware” односно блокада на ИТ систем по кој се бара откуп каде што Некстсенс одржува системи.

Ова го објавува профилот Троловски на Твитер прикажувајќи ги сите тендери кои Некстсенс кои добиле огромни пари за изградба и одржување на ИТ системот на Фондот за здравство кој подолго време веќе не работи.