Фановите на Манчестер јунајтед бесни за понудата за Арнаутовиќ поради пцуењето на Алиоски

Навивачите на Манчестер јунајтед го дочекаа на нож обидот за ангажман на Марко Арнаутовиќ, обвинувајќи го за расизам кога, играјќи за Австрија, вербално го нападна македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски во натпреварот од Европското првенство минатата година, кој го доби неговиот тим со 3:1.

По постигнувањето на последниот гол од мечот во Букурешт, сега 33-годишниот напаѓач, според весникот „Коха“, го опцул Алиоски со „да ти ја еб.. албанската мајка“ на српски јазик, уверен дека македонското крило ќе го разбере, а претходно на сличен начин го навредил и Егзон Бејтулаи.

Австрискиот капитен Давид Алаба тогаш одвај го смири својот репрезентативен колега од српско потекло, кој избегна казна од 10.000 евра и суспензија од УЕФА за недоличното однесување, а набрзо самиот на Инстаграм јавно се извини, дури и на македонски и на албански, нагласувајќи дека не е расист.

Понудата на „црвените ѓаволи“ за Арнаутовиќ е 7,5 милиони фунти, пишува британски „Дејли мејл“.