Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Бојан Миовски, за кратко време ги освои срцата на навивачите на шкотскиот премиерлигаш Абердин, кои му посветија и песна на 23-годишниот напаѓач, кој сезонава постигна 6 гола и 1 асистенција на 8 натпревари, од кои 5 погодоци на 6 првенствени средби, за четирикратниот првак на Шкотска и освојувач на некогашниот европски Куп на куп-победниците во 1983 година.