Досегашниот директор на општинската фирма на општина Центар која ги менаџира локалните паркинзи јавно му рече фала на премиерот кој го поставил на владина функција со долго и чудно име.
Васко Кичевски преку Фејсбук на премиерот Ковачевски му се заблагодарува за добиената позиција во владата без да наведе зошто токму тој е избран за чудната функција со уште почудно име.
Новиот владин функционер во два пасоси во два наврати ја споменува Северна без да има било каква потреба од тоа.
,,Со особена чест и задоволство ќе ја вршам функцијата Секретар за јавни политики, координација и следење на програмата на Владата и на други стратешки планови, проекти и инвестиции поврзани со приоритетите на претседателот на Владата на Република Северна Македонија”, пишува Кически кон изразува благодарност до премиерот.
,,Му благодарам на премиерот Димитар Ковачевски за укажаната доверба и ветувам дека ќе дадам се од себе да ја оправдам со исклучително одговорно, посветено и чесно работење кое ќе донесе ефикасни и позитивни резултати. Ова е голем предизвик за мене и верувам дека ќе придонесам многу во остварување на стратешките приоритети на Владата кои значително ќе го подобрат квалитетот на живот на граѓаните на Република Северна Македонија”, пишува новопечениот владин функционер Кичевски за кој не е јасно дали е експерт за сите работи кои му стојат во официјалната функција.