Поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и екс-министерот за финансии Кирил Миновски се дел од иницијативата „За татковината со љубов“, но и други дознава Фактор.

„За татковината со љубов“, што ја иницираше вицепремиерот Фатмир Битиќи, е неформално советодавно тело чија цел е во носењето на економските политики да се вклучи и експертската јавност и на тој начин да даде придонес за развојот на земјата.

Фактор дознава дека во проектот се вклучени и Веле Самак, поранешен министер без ресор во Владата со која раководеше Никола Груевски и тоа во времето од 2006 до 2017 година, но и Никола Поповски поранешниот министер за финансии во Владата на СДСМ. Дел од иницијативата ќе биде и Игор Ивановски, професор на Економскиот факултет, Ванчо Узунов, професор на Правен факултет еден од советниците на премиерот, но и Дарко Лазаров, професор на УГД Штип, член на ВМРО-ДПМНЕ.