За добиената концесијата за користење на водата на Црна Река, грчката фирма ППЦ – Архиродон, која со одлука на Владата е избрана за иден доминантен сопственик на хидросистемот „Чебрен“, ќе плаќа само 1% годишно од продадената електрична енергија, при што во овој приход нема да се сметаат трошоците за струја за работењето на пумпите, јавува Фактор.
Ова го пишува во одлуката на Владата за избор на најповолна понуда за доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од хидроелектрични централи на Црна Река, објавена во Службен весник.
Проф.Цицонков: Да не е 1 милијарда превисока цена за „Чебрен“
Грубо пресметано, концесијата што ќе ја плаќа ППЦ-Архиродон како доминантен сопственик во акционерското друштво кое во иднина ќе стопанисува со хидроцентралата заедно со АД ЕСМ, надоместокот годишно по денешни пазарни услови, би изнесувал само околу еден милион евра за државниот буџет и локалните власти.
Електричната енергија произведена од „Чебрен“ ќе се продава на слободниот пазар, а според претходна пресметка на експертите, од овој систем годишно би се продавале 1.200.000 мегаватчасови електрична енергија.
Доколку струјата ќе се продава по 100 евра од мегаватчас, тоа значи дека концесионерот годишно би плаќал 1,2 милиони евра и тоа ако тука не се смета трошокот за електрична енергија за пумпите што ќе ја враќаат назад водата заради балансирање“, објавува „Фактор“.
