Ова го покажува мини истражувањето за кризата за работна сила во државата, што го објави порталот „Фактор“

Газдите се жалат дека тешко наоѓаат добри работници, а работниците имаат мака да се изборат за повисоки плати.


Работниците сметаат дека заслужуваат повисоки плати, посебно во услови кога одливот од државата не запира. Ги анкетиравме граѓаните, со цел да видиме што мислат за висината на платите и дали тие пари се доволни за пристоен живот.

„Нормално дека треба да се покачат платите. Минималецот треба да биде 500 евра“, вели Емилија, граѓанка за Фактор

Според граѓаните, ако овде има достоинствени плати, работниците не би се иселиле.

„Има евтина работна сила и газдите си користат. Ако газдите ги покачат платите, работниците ќе ни останат тука, во државата“, вели средовечна кумановка.

Синдикатите постојано се поборници за повисоки плати и подобри услови за работа. Минималецот во Македонија изнесува 20.175 денари.

Милан Џинлев од Приорити солуции за вработување вели дека мора работниците да испорачаат резултати, но и газдите да ги почитуваат работниците.

Повисоките плати секако се мотивација за работниците.