Неколку илјади луѓе протестираа синоќа Плоштадот Република во Љубљана против анти-ковид мерките.

Тие извикуваа оставка од владата, а околу два часа по почетокот на протестот запалија факели кои ги фрлаа кон зградата на парламентот, на што полицијата одговори со солзавец и водени топови.

Со новите мерки кои стапија во сила вчера, без ковид-сертификат нема да може да се полни ни бензин на територијата на Словенија.

овите мерки кои стапи

Вработените во јавните институции и компании, како и нивните клиенти, ќе треба да имаат сертификати за вакцинација, прележан вирус или негативен тест за Ковид-19. Сертификатот е задолжителен и за влез во трговски центри и јавен превоз, освен за ученици од основно и средно училиште, а потврди се бараат и во здравствените установи, освен во итни случаи.

Најголемо незадоволство има кај возачите кои што што не може да си наточат гориво на бензинските пумпи бидејќи пумпата за гориво се активира само кога возачот со документи докажува дека прележал Ковид-19, дека бил вакциниран или има негативен тест не постар од 48 часа.