„Фајзер“ планира да произведе четири милијарди дози од вакцината против корона оваа година, развиена на технологијата mRNA на која се базира конкурентната вакцина „Модерна“, што е за една милијарда дози повеќе од минатата година, пренесува „Ројтерс“.

Американската фармацевтска компанија очекува приходите од продажбата на вакцината против Ковид за цела 2022 година да бидат околу 32 милијарди долари, додавајќи дека очекува уште 22 милијарди долари од продажбата на таблети за орална употреба против коронавирус.

Вакцината Фајзер се користи во повеќе од 160 земји, вклучувајќи ги и САД.