Евровизискиот претставник Гарванлиев се чувствува како горд Македонец (ВИДЕО)

Македонскиот претставник на песната на евровизија чија ланска изјава за поседување на бугарски пасош и раѓањето во Струмица која е “од другата страна на државата” предизвика силни реакции се чувствува како горд Македонец.

Оваа изјава Васил Гарванлиев ја дава во изјава за струмичката телевизија ТВ Вис пред 8 години во 2013 година.

Освен гордоста да биде Македонец што ја претставува Македонија низ цел свет Гарванлиев зборува и за животниот сопатник кој може да биде и Македонка ако му “го земе срцето”.

По критиките кон Гарванлиев за неговата изјава за Струмица од “другата страна на земјата” во негова одбрана застанаа и бугарски политичари кои најавија дека ако Македонија го откаже неговото учество тој ќе биде бугарски претставник на Евровизија

Изјавите на Гарванлиев во видеото од пред 8 години.