Британски „Гардијан“, дознава дека Брисел подготвува кандидатура за домаќин на „Евровизија“ и дека на тој начин Европската унија ќе испрати порака за солидарност со Украина, која годинава победи на натпреварот, но поради војната е доведено под знак прашање можноста „Евросонг“ да се одржи во таа земја.

Украинците се уште бараат следната година натпреварот да се одржи во нивната земја, па Европската радиодифузна унија по овој повод излезе со уште едно јавно обраќање.

„И покрај победата на натпреварот во мај, ова е единственото вистинско решение поради војната во Украина“, се вели во соопштението.

Организаторите на најголемиот музички натпревар во светот минатата недела почнаа преговори со Би-Би-Си за 67-та ревија на најдобрата песна во Европа што ќе се одржи во Велика Британија.

Сепак, иако во јавноста се шпекулираше за неколку градови кои би можеле да ја организираат „Евровизија“ во таа земја, се уште нема официјална потврда од Би-Би-Си за организирање на натпреварот во Британија.