Еврото падна далеку под еден долар

Вредноста на доларот во однос другите валути силно порасна минатата недела откако американскиот ФЕД повторно агресивно ги зголеми каматните стапки, па курсот на еврото падна на најниско ниво во последните 20 години, далеку под еден долар.



Иако Европската централна банка од летото ги зголемува клучните каматни стапки за да ја спречи рекордната инфлација во еврозоната, сепак, се чини дека ФЕД има повеќе простор за заострување на монетарната политика отколку ЕЦБ, со оглед на тоа што американската економија се уште е релативно стабилна, додека на еврозоната и се заканува рецесија поради енергетската криза.

Од почетокот на годината, доларот зајакна за околу 16 отсто во однос на другите валути, па така е на пат кон најголемата годишна добивка од 1970-тите.