Европското ракометно злато за Франција

Олимпискиот ракометен шампион Франција го освои Европското првенство во Германија со победата од 33:31 по продолженијата во финалето со светскиот првак Данска во Келн, откако натпреварот во основните 60 минути заврши нерешено 29:29.

Десниот бек на Французите, Дика Мем, ги промаши сите пет шута во регуларниот дел, но погоди два пати во екстра периодот, а точка на победата на „галските петли“ стави Јани Лен во последните секунди.

Утеха за Данците е прогласувањето на голманот Емил Нилсен за играч на мечот за 15. одбрани со 38 проценти успешни интервенции, Матијас Гидсел со осумте гола во финалето го подели епитетот најдобар стрелец на првенството со Португалецот Мартим Кошта, двајцата со по 54 погодока, а Микел Хансен со деветте гола во финалето стана најдобар голгетер во историјата на еврошампионатите со вкупно 296 погодоци.

Бронзениот медал му припадна на досегашниот европски првак Шведска, која во „малото финале“ беше подобра од домаќинот Германија со 34:31 и избори директно учество на овогодишните Олимписки игри во Париз.

Македонија го освои 17. место меѓу 24 селекции, остварувајќи победа над Швајцарија од 29:27 и порази од Франција од 39:29 и против Германија од 34:25.