Бугарскиот новинар Михаил Михајлов доби позитивен одговор од Европскиот парламент за неговата петиција испратена на 12 декември 2020 година за поддршка на членството на Македонија во Европската унија, на македонското малцинство во Бугарија и против нарушувањето на граѓанските права во Бугарија.
„Иако тоталитарните партии, како ГЕРБ и ВМРО-БНД, ја напуштија политичката сцена, мојата Петиција ќе им даде дополнителен поттик на другите партии да ги почитуваат човековите права и правото на национално самоопределување, како и да дадат ‘зелено светло’ за членство на Северна Македонија во Европската унија. Бидејќи Бојко Борисов повеќе не е премиер и сега новата власт ќе треба да му објасни на Европскиот парламент зошто Бугарија не ги спроведува одлуките на Европскиот суд за човекови права и не го признава македонското малцинство, зошто човековите права масовно се кршат во Бугарија и зошто Бугарија одби да дозволи преговори за членство во ЕУ на Северна Македонија. Верувам дека на овој начин новите властодршци ќе бидат принудени да направат промени“, изјави Михајлов, изразувајќи задоволство што Европската комисија во врска со неговата петиција ќе спропведе прелиминарна истрага.