Европскиот парламент им оддаде почит на жртвите од македонскиот автобус во Бугарија

Со едноминутно молчење на барање од претседателот Давиде Сасоли, Европскиот парламент пред својата денешна седница им оддаде почит на жртвите од трагичната сообраќајна несреќа на македонскиот автобус на автопатот во Бугарија.

„Со длабока тага дознавме за страшната автобуска несреќа во близина на Софија, Бугарија, која ги однесе животите на 46 лица, меѓу кои и многу деца. Во мое и во име на Европскиот парламент, би сакал да ја упатам сета наша солидарност до семејствата, пријателите и граѓаните на Северна Македонија. Ве повикувам на едноминутно молчење“, рече Сасоли во обраќањето до европратениците.