„Непримерно е да се прикажуваат слики на бомби или проектили во врска со санкциите, додека целта на санкциите е токму сопирање на бомбите кои паѓаат на Украина“, изјави Дана Спинант, заменичка на главниот портпарол на Европската комисија во врска кампањата на унгарската влада која на плакати ги споредува санкциите на ЕУ против Русија со бомби.
Кампања во Унгарија: ЕУ санкците не’ убиваат
ЕК ја осуди кампањата и смета дека плакатите се непримерни, пренесува Јуроњуз.
Плакатите се појавија паралелно со анкетата на граѓаните на Унгарија од кои се бара да се изјаснат дали се „за“ или “против“ Русија.
Анкетата ќе се спроведува до декември.