Уапсени 37 членови на многу насилна криминална група од Западен Балкан, која главно се занимавала со шверц на дрога и огнено оружје низ Европа соопшти Европол.
Во вчерашните рации, кои беа спроведени истовремено низ Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, но и Холандија, Италија, Белгија и Германија.
Се додава дека акциите биле координирани од командното место во Загреб, со поддршка на офицерите на Европол распоредени на терен.
Групата била предводена од државјанин на Босна и Херцеговина, кој во моментов издржува четиригодишна затворска казна во Италија.
Во рациите, меѓу другото, запленети се 148.000 евра во готовина, 18 огнено оружје од кои два митралези и 2.512 парчиња муниција.
Притоа, запленети се 15 килограми кокаин, 11 килограми хероин, три килограми амфетамин, седум килограми марихуана и 10 килограми хашиш.
По оваа меѓународна акција следи сложена истрага што ја води хрватската главна полициска управа, во рамките на Оперативната група „Балкански картел“, се вели во соопштението на Европол.
Хрватската полиција објави и видео од едно од апсењата, на кое се гледаат драматични сцени на вооружени специјалци кои упаднале во становите на осомничените извикувајќи „легни долу“ и им ставаат лисици.
