Еврокомесарот за проширување на ЕУ, Вархеји, денеска во Скопје

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји денеска ќе престојува во Скопје. по вчерашната посета на Софија каде учествуваше на Регионалниот форум за односите меѓу Европската Унија и Балканот (EU meets Balkans).

Тој порача дека преговорите со Македонија треба да започнат до јуни годинава, а посетата ја заврши со порака на Твитер дека нема повеќе време за губење.

„Ја завршив мојата посета на Софија со надеж дека ќе можеме да продолжиме со нашата политика на проширување, додека руската војна прави да вложуваме повеќе напор во тоа. Му благодарам на премиерот Кирил Петков за отворената дискусија за идните чекори, кои ќе нè однесат до отворање на првата меѓувладина конференција меѓу Северна Македонија и Албанија“, напиша синоќа Вархеји.

Еврокомесарот вчера зборуваше на оваа тема и кажа дека е разочаран затоа што и после две години се зборува за почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија.