Екс амбасадорот и политички аналитичар Арсим Зеколи со своја кратка анализа на практиката на луѓето од власта секогаш кога се нападнати од некого за корупција и криминал да се бранат со тезата дека напаѓачите се антиевропски и антиамерикански настроени.
Коментарот на Зеколи доаѓа откако беа објавени неколку големи корупциски скандали за вицепремиерот Артан Груби по што тој почна да обвинува дека е таргет на противници на ЕУ и САД.
Според Зеколи ваквата реторика ја прави Европската унија последно прибежиште за корумпираните политичари.
,,Кога политичарите обвинети за корупција се жалат дека се „нападнати од актери против САД/ЕУ“, тие всушност ги повикуваат граѓаните да им дадат амнестија за нивните лични злосторства, бидејќи се прозападни.
Некогаш беше патриотизам, а сега евроинтеграциите се последното прибежиште на ѓубрето”, пишува Зеколи кој всушност за парафразира мислата на британскиот поет Самуел Џонсон искажана во 1775 година: Патриотизмот е последно прибежиште на џганот.
When politicians accused of corruption complain of being "attacked by anti-US/EU actors" they in fact call on citizens to grant them amnesty for their personal crimes, as they are pro-West.
Once it was patriotism, but now euro-integrations are the last refuge of the scoundrel.
— Arsim Zekolli (@ArsZek) March 3, 2023