Жителите на Слупчане и претставници на ЕВН вчера одржаа состанок, кој како што пренесе МИА, поминал во мирна и позитивна атмосфера, а уште една средба се очекува денеска.
Средбите следат по неколкудневните блокади на жителите на Слупчане кои изминатиот период не им дозволуваа на екипите на ЕВН да влезат во селото, револтирани поради високите сметки за струја.
Дел од мештаните тогаш го искинаа главниот кабел и предизвикаа сериозен дефект кој ги остави без струја не само Слупчане, туку и неколку соседни села.
Селаните од Слупчане ги искршија трафостаниците и оставија голем дел од Липково без струја
Компанијата побара гаранции дека за отсранување на „дефектите“ ќе имаат нормални услови за работа.
Според ЕВН, наплатата на сметките за струја во Слупчане се реализира само 20%, додека кражбите на струја во селото се 80%.
Најмногу 3.000 денари да плаќаат за струја, другото за џабе, бараат жителите на Слупчане
По блокадите на селото на почетокот на јули, жителите доставија неколку барања до ЕВН: Не прифаќаат мерните уреди да се поставуваат надвор од куќите, бараа да им се простат старите долгови и наместо редовна сметка, врз основа на податоците од струјомерите, да плаќаат месечен паушал од 3 000 денари, без оглед колку струја потрошиле.
