ЕВН откупува вишок електрична енергија произведена од фотоволтаични панели од граѓани и фирми по минимална цена од 0,46 денари за киловат, а во исто време киловат електрична енергија ја наплатува по 11,05 денари за киловат, плус за транспорт.

Разликата на продадената е дури 24,5 пати поголема во однос на откупената, пишува 24Инфо.

Со прилог на сметката за потрошена и продадена електрична енергија издадена од ЕВН ,еден од револтираните граѓани , а кој со фотоволтаични панели сам си произведуваат електрична  струја посочува пример дека за продаден вишок од 4.300 киловати тој од ЕВН добил само 1.978 денари

Од друга страна  за потрошени минимални 104 Киловати на ЕВН треба да им плати околу 2 илјади денари, колку што тој добил за произведени 4300 киловати, што според оштетениот граѓанин е вистински апсурд.