Поради неплатен долг од 6,5 милиони евра, ЕВН утринава ја исклучи струјата во „Железници – транспорт“.
Од МЖ Транспорт најавуваат дека ќе има и прекин на сообраќајот откако ќе биде потрошена нафтата во возовите, а појаснуваат и дека без објектите каде е исклучена струјата претпријатието не може да функционира, бидејќи тука се снабдуваат возовите со нафта, а пумпата работи на струја.
Од ЕВН велат оти чекаат писмена гаранција од владата дека ќе се плати долгот на Клинички центар „Мајка Тереза“ кој изнесува седум милиони евра.
Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи утринава кажа дека има решение за проблемот и оти долгот кон ЕСМ ќе биде подмирен.