Мартин Пановски, aрхитект на еден од објектите кои ќе се градат на паркингот спроти Холидеј ин, презентираше фотографија од тоа што ќе се гради и како ќе изгледа еден од објектите.
Во синоќешното гостување на „Топ тема“ изјави дека макетите и рендерите кои се споделуваат во јавноста се целосно неточни и апсурдни.
Според проектот презентиран од Пановски, не станува збор за блок згради или шеесеткатници туку за објекти со тројно намалена катност и многу вертикално зеленило, а во две згради кои ќе се градат ќе има станови колку во три кули во градски ѕид и ништо повеќе.
Пановски тврди дека на парацелата 1.1 од 12.000 м2 дури 6.520 м2 ќе бидат зеленило. Проектот предвидува 969 паркинг места на три новоа и целосно сообраќајно решение за движење на пешаците и возилата.