По дојавите за поставени бомби и евакуација во неколку средни училишта во Скопје, денеска и Трговскиот центар „Ист гејт” е целосно евакуиран.

Полиција и обезбедување го празнеа од посетители и вработени.

Од МВР соопштуват дека закани за бомби утрово пристигнаа до трговските центри добиле и „Бисер“, Транспортниот центар, зградата „Пегла“ и полициската станица Центар.

„Денеска (9.12.2022) околу 9:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронска адреса на седум средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Исто така, пријавено е дека на електронска адреса била упатена закана за поставена експлозивна направа и во ТЦ „Ист гејт“, ТЦ „Бисер“, Транспортен центар, Флатирон и ПС Центар“ се вели во соопштението на МВР.

.