Синоќа проруските лидери на окупираната област Херсон предупредија на претстојната „тешка“ ситуација поради украински контранапад, што го очекуваат „во блиска иднина“.
Москва синоќа потврди дека градовите на десниот брег на реката Дњепар ќе бидат евакуирани.
Утрово, пак, прорускиот лидер на Херсон, Владимир Салдо, кој Русија го постави на таа позиција, изјави дека меѓу 50 и 60 илјади луѓе ќе бидат префрлени во Русија и на левиот брег на реката Дњепар.
Евакуацијата најверојатно ќе трае шест дена, изјави Салдо за режимската руска новинска агенција ТАСС.
