Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК), со кое раководи Вилма Русковска, денеска до Кривичниот суд во Скопје поднело обвинение против поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, и против уште шест лица за проблематичните набавки на софтвери, дознава „360 степени“ од судски извори. Засега нема официјална потврда на овие сознанија на „360 степени“.

Во одбрана на Рашковски остана премиерот Зоран Заев, кој неколкупати досега изјавуваше дека лично проверил оти набавката била законито направена, дека чуму Владата би купувала софтвер ако нема потреба за тоа, па и дека не и верува на обвинителката Русковска во овој случај.

На 8 март 2021 година, „360 степени“ ја објави првата од серијата истражувачки стории, во која обелодени дека поранешниот ген-сек на Владата, Драги Рашковски, купил софтвер за автоматско казнување за сообраќајни прекршоци од 81 000 евра.

Тој тврдеше дека софтверот треба да биде дел од т.н. „Сејф сити“, но единствената институција со право да казнува, Министерството за внатрешни работи, брзо ја урна тезата на Рашковски со ставот дека ниту барале ниту планираат да го користат софтверот за кој никој не ги прашал.

На 18 март 2021 г. Обвинителството соопшти дека отвора предистрага за случајот.

Рашковски во домашен притвор