Со одлука на Регулаторна комисија од ноќеска по полноќ за два денари поскапува бензинот „еуросупер 95“ и ќе чини 92,5 денари за литар.
Цените на другите горива не се менуваат.
Еуросупер 98 и натаму се продава за 94,5 денари за литар;
литар еуродизел (Д-Е V) ќе чини 99 денари.
Исти остануваат и цените на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) кое ќе се продава за 93 денари за литар, а мазутот М-1 НС ќе чини 50,067 денари за килограм.