Фирмата „Електро спој дооел Скопје“, должи 385 илјади евра на Еуростандард банка, а не платила ни денар 923 дена пред затворањето на банката. соопштуваат од здружението на оштетени штедачи на „Еуростандард банка“ Правда за штедачи.
„За фирмата се води и несоодветна хипотека од деловен простор со проценета вредност од околу 120 илјади евра. Како тоа никој ништо да не преземе со години? Како раководството на банката не покренало активирање на хипотеката повеќе од две години? И да ја активирале, најмногу што можеле да наплатат било околу 30 отсто од износот на кредитот. Како тоа одобриле еден од многуте лоши кредити во банката со гаранција која е далеку помала од износот на кредитот?
Електро спој дооел е основана во ноември 2014 година, со непаричен влог од 5 илјади евра. Седиштето на фирмата е во општина Центар во Скопје, а главната дејност на фирмата е трговија на големо со електрични апарати за домаќинства. Сопственик и управител на фирмата е Ванчо Јованов. Фирмата имала тројца вработени.
Билансите на фирмата укажуваат дека фирмата е деловно неактивна веќе четири години. Од 2017 година па наваму, фирмата нема приходи. Последните регистрирани приходи биле во 2016 година, кога фирмата имала загуба од 400 илјади евра. МКД.МК.
