Македонскиот ракометен вицешампион Еурофарм Пелистер ќе игра на завршниот турнир од 11. издание на СЕХА-лигата по триумфот на пенали против Мешков Брест во Битола, откако натпреварот во основниот дел заврши нерешено 23:23.
Во нивниот прв настап на фајналфорор во регионалното натпреварување противник на битолчани на 2 септември во Задар во полуфиналето ќе им биде Веспрем, а во другиот дуел ќе ги одмерат силите хрватските ривали ППД Загреб и Нексе.
Ерупција од одушевување во преполната сала „Боро Чурлевски“ настапи по успешната интервенција од голманот Урбан Лесјак, кој во последната серија седмерци го одбрани ударот на Микалај Алјохин и му донесе победа на својот тим во пенал-рулетот од 4:3.
Руди Сери со 6 гола од 8 обиди беше најефикасен во победничката екипа, за која Усама Хосни имаше ефект 5/10, а Марио Танкоски 4/5.