Пристапот на Скопје кон ЕУ, во моментов е блокиран со вето од Бугарија поради „заедничкиот јазик и историја“, пишува бриселскиот портал Еуроактив во анализа за позициите на Хаг за приемот на Скопје и Тирана во унијата.

Онака како што е напишано во оригиналот (Skopje’s accession bid is currently held up by a veto from Bulgaria over shared language and history, while Tirana’s EU progress is tied to that of North Macedonia) за Еуроактив нема дилема дека Бугарија и Македонија споделуваат иста историја и јазик.

Порталот во кој работи Георги Готев, еден од најголемите бугарски пропагандисти кој отворено ја негира македонската нација, не поставува дилема дали се работи за заедничка или посебни истории на двата народи туку однапред суди дека двете земји имаат заедничка историја и јазик односно ,,shared language and history”.

Кој е Георги Готев

Холандски експерт до бугарски новинар: Северни Македонци воопшто не постојат, Македонци да

Еуроактив не вели дека ветото е околу спорот или за прашањето за споделена историја туку без ограда тврди дека историјата и јазикот се заеднички со што зазема бугарска страна во спорот меѓу Скопје и Софија.

Според текстот холандската влада сега ги поддржува кандидатурите за пристапување на Албанија и Македонија во ЕУ, за разлика од 2019 година кога заедно со Франција и Данска ги блокираше преговорите на двете балкански земји.

Според „Еурактив“ кабинетот и коалициските партии во холандскиот Претставнички дом сега се „за“ двете балкански земји, кои се надеваат на почеток на преговори за членство, да влезат во Европската Унија, при што се пренесува пишувањето на холандскиот медиум „НЛ тајмс“.

Европскиот парламент уште во мај го повика Европскиот совет да започне преговори со Албанија и Северна Македонија за членство во ЕУ, истакнувајќи го „геостратегискиот контекст на односите со Русија и нејзината агресија врз Украина“, пишува „Еурактив“ пренесува 360 Степени.