Еу со санкции за Косово, Еди Рама прв му сврте грб на Албин Курти

Албанскиот премиер Еди Рама синоќа ја откажа денешната средба меѓу владите на Албанија и Косово е откажана, бидејќи нема договор со косовскиот премиер Албин Курти, а Косово оди кон санкции од меѓународната заедница.

„Се наоѓаме во услови на заострување на односите меѓу Косово и целата евроатлантска заедница и оваа средба не може да се одржи во очекуваниот формат, откако разговарав со високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жосеп Борел“, рече Рама на прес-конференција, пишува „Косово онлајн“, пренесе „Нова.рс“.

Албанскиот премиер објасни дека средбата меѓу двете влади не е можна бидејќи Косово оди кон санкции, а наведе и дека побарал од западните влади засега да не воведуваат санкции кон косовските власти.

„Ние сме 100 отсто против начинот на кој сега дејствува косовската влада“, рече Рама.

За санкциите што ЕУ ги изготви за Косово пишува и „Радио Слободна Европа“.

Кабинетот на високиот претставник на Европската унија за заедничка надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, подготвил предлог за пакет мерки насочени кон Владата на Косово и премиерот Албин Курти,поради недостиг на политичката волја за да се преземат неопходните мерки за деескалација на ситуацијата на северот на Косово.

Како што дознава Радио Слободна Европа (РСЕ) од дипломатски извори во Брисел, меѓу предложените мерки што ги подготвил кабинетот на Борел е да се блокираат сите покани за Косово на настани од високо ниво и да се откажат билатералните посети на Приштина, освен оние кои имаат за цел решавање на кризата на северот на земјата.

Се предлага суспендирање на значителното финансирање од ЕУ, почнувајќи со суспендирање на одобрувањето и спроведувањето на предлозите поднесени од Косово во последниот круг на Инвестицискиот фонд за Западен Балкан и суспензијата на некои поткомитети меѓу ЕУ и Косово, во рамките на Спогодбата за стабилизација и асоцијација“, пишува РСЕ.