ЕУ предоцна нарачала вакцини, тврдат од „Астра Зенека“

По обвинувањата и најавувањето тужба на Европската комисија поради наводно неисполнување на договорот за испорака на вакцини против коронавирус, фармацевтската компанија „Астра зенека“ тврди дека ЕУ предоцна ги нарачала вакцините.

„Сега заостануваме два месецa од нашиот основен план за производство со Европа. Имавме тешкотии на почетокот и во Велика Британија. Сепак, договорот со Британците беше склучен три месеци пред Брисел. Имавме уште три месеци време да ги отстраниме проблемите таму“, објасни првиот човек на „Астра зенека“, Паскал Сорио, за германскиот дневен весник „Билд“.

Сорио истакна дека неговата компанија не е договорно обврзана да доставува одредени количини на вакцината, пренесе Макфакс.