ЕУ не признава талибанска влада, ама ќе соработува

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жосеп Борел, изјави дека ЕУ ќе соработува со талибанците, но тоа не значи дека Унијата ја признава новата влада во Кабул.

„За да го поддржиме авганистанското население, ќе мора да се поврземе со новата влада во Авганистан, што не значи признавање. Тоа е оперативен ангажман, рече Борел.

Тој додаде дека овој ангажман ќе се интензивира во зависност од однесувањето на владата во Кабул, односно од фактот дека Авганистан нема да служи како „база за извоз на тероризам во други земји“ и дека ќе ги почитува човековите права, владеењето на правото и медиумите…