Во интервју за А2 Си–Ен–Ен Албанија, премиерот Зоран Заев вели дека спроведувањето на ветингот било планирано уште од доаѓањето на власт, но не започнало поради препораките од Европската Унија.
„Јас го ветив ова на изборите, не ветинг, туку она тоа што го сметам за признавање на правото на реизбор на судии и обвинители. Беше дел од програмата.
Но, кога ја презедов функцијата, ЕУ не ми даде можност да го започнам процесот.
Зошто? Затоа што можеби требаше да следат како тој одеше во Албанија, како ќе заврши таму. Тие ни кажаа дека немаме луѓе, нема како да ги пополниме работните места“, изјави премиерот.
Извор: Алсат М