ЕУ лидерите во четврток за вакцините за Западен Балкан

Набавката на вакцини за Западен Балкан ќе биде една од темите на дискусија на лидерите на Европската унија на состанокот на 21 јануари.

„Ќе видиме како можеме да им помогнеме на нашите партнери во соседството и пошироко “, рече претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, пренесува Ал џезира.

„Ние исто така се грижиме за нашето соседство. ЕУ ќе ги координира донациите за вакцини од земјите-членки, кои првенствено ќе имаат за цел да ги заштитат здравствените работници во Западен Балкан и во нашето соседство“, рече претседателката на ЕК Урсула Вон дер Лајен.

Владите на земјите од Западен Балкан започнаа директни преговори со производителите на вакцини.

На 24 декември, Србија започна со имунизација со вакцинирање на премиерката Ана Брнабиќ, која прими вакцина од Фајзер, а веќе пристигнаа и првите количини на руската вакцина „Спутник V“, како и кинескиот „Синофарм“.

Црногорските власти преговараат со неколку компании, со оние одобрени за употреба во Европа и со производители од Русија и Кина.

Во Албанија, процесот е веќе започнат, а властите велат дека успеале да ги набават првите половина милион дози вакцина Фајзер преку директни преговори со компанијата, додека истовремено беа отворени уште четири билатерални канали со четири земји.

Македонија е во разговори со Бугарија, Полска, Австрија и Грција.

Последна вакцини мќе добијат во Босна и Херцеговина, бидејќи властите во земјата сè уште се потпираат на меѓународниот механизам COVAX, преку кој Босна и Херцеговина нарача 1,23 милиони дози вакцини.