„Делегацијата на ЕУ во Скопје никогаш не потпишала договор за средства или им обезбедила средства од ЕУ фондовите на г. Бојан Јовановски или невладината организација Меѓународен сојуз“.

Ова е одговорот на делегацијата на ЕУ во Скопје на прашањето на Канал 5 дали Бојан Јовановски користел европски средства за неговата невладина „Меѓународен сојуз“ по зведочењето на судијката Мери Дика Георгиевска која беше сведок во случајот „Рекет“ .

„Кога се врати од Белград, Бојан (Боки 13)се занимаваше со проекти за заштита на ранливи категории граѓани кои беа финансирани од ЕУ“, сведочеше Дика Георгиевска.