ЕУ: 140.000 евра помош за 12.600 погодени во пожарите во Македонија

Европската Унија ќе обезбеди 140.000 евра хуманитарни средства за да им помогне на најпогодените семејства и на оние кои беа во првите редови во борбата со пожарите во Македонија што избувнаа кон крајот на јули.

Средствата се дел од вкупниот придонес на ЕУ во Фондот за итна помош при катастрофи (ДРЕФ) на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина (IFRC). Средства се поддржани и од националниот Црвен крст, кој ќе помага во испораката на потребната помош, вклучувајќи храна и други основни производи. 

Дел од помошта се хуманитарни средства во храна и хигиенски пакети, пакети за бебиња, сетови за прва помош, душеци, ќебиња, кујнски прибор и постелнина. Исто така, се најавува дека ќе продолжи и поддршката на противпожарните тимови што дејствуваат на терен. Дојче веле