Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, кој доаѓа од СДСМ (Социјалдемократски сојуз) и поддржан од Зоран Заев, се очекува да ги отстрани галиите од Вардар до средината на април во соработка со компанијата за одржување на патиштата и без финансиско оптоварување на општината, со што официјално почнува уривањето на проектот „Скопје 2014“, пишува грчки „Етнос“.

Причината за уривање е ризикот од поплавување секој пат кога Вардар ќе надојде бидејќи создава сериозен проблем при протокот на речката.

Но, освен факторот „безбедност на граѓаните“, ова има има и врска со обидот на Петре Шилегов да го ослободи градот од „криминалниот и апсурдниот план“ на Груевски, пишува „Етнос“ и да создаде модерен град според европски стандарди.