Естонија: Запад да спречи предвремен мир меѓу Украина и Русија!?

Премиерката на Естонија, Каја Калас, ги повика западните сојузници да спречат предвремен мировен договор меѓу Русија и Украина.

„Мораме да бидеме внимателни со предвремените повици за прекин на огнот и мир“, напиша таа во напис во Сандеј Телеграф. Нашата политика мора да се заснова на сфаќањето дека руската закана нема да исчезне утре“.

Според Калас, западните земји не треба да се плашат од влошување на односите со Русија, па дури и од нивно целосно распаѓање.

„Гасот можеби е скап, но слободата е бесценета“, вели премиерката.

Вчера рускиот амбасадор беше повикан во естонското Министерство за надворешни работи поради зборовите на Путин дека Словените живееле на територијата на Нарва „од почетокот на времето“.

Сака ли Путин да биде нов Петар Велики

На 10 јуни Путин рече дека Петар Велики не освоил туѓи земји, туку „освоил“ и вратил руски земји.

Во својот говор по повод 350-годишнината од раѓањето на Петар Велики, Путин не ја спомена војната против Украина, туку со насмевка направи паралела со неговата сегашна политика…